Свет 28. мај 2020. / 14:58

Италија ќе добие 170 милијарди евра од средствата на ЕУ фондот

Италија ќе добие 170 милијарди евра од средствата на ЕУ фондот

Европскиот комесар за економија, Паоло Џентолини, истакна дека средствата што Италија ќе ги добие од Фондот за закрепнување на Европска Унија, треба првенствено да ги користи за решавање на економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

ЕК претстави план за поттикнување на економските активности во висина од 750 милијарди евра, а Италија ќе добие околу 170 милијарди евра од тие пари.

Италија треба тие пари да ги троши за решавање на кризата, но на среден и долг рок мора да се врати на патот на управување со долгот на одржливо ниво бидејќи во спротивно ризикува да западне во проблеми во следните години – посочи Џентолини.