Свет 02. јули 2018. / 11:35

Италија: Казни до 15.500 евра за купување од улични продавачи

Италија: Казни до 15.500 евра за купување од улични продавачи

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, предупредил дека годинава канзите за уличните продавачи, но и за оние кои купуваат од нив, ќе бидат построги, па така продавачите на државата ќе мора да и платат од 2.500 до 15.500 евра.

Туристите кои ќе платат услуга на уличен продавач и така ќе ги поттикнат на заработувачка, без разлика дали е во прашање масажа на плажа или привремена тетоважа, исто така може да се соочат со сериозни последици.

Лани од илегални мигранти и други продавачи била запленета роба во вредност од 265 милиони евра, заради што годинава мерките се значително проширени.