Свет 05. јануари 2021. / 20:38

Италија ја зафати снежно невреме

Италија ја зафати снежно невреме

Студен бран со обилни врнежи од дожд и снег ја зафати Италија, по што е издадено портокалово предупредување за седум региони во земјата, пренесува Анса.

Обилните дождови во Фјумичино близу Рим доведоа до поплави, додека снегот предизвика потешкотии во сообраќајот на Умбрија, Тоскана, Фриули и Ломбардија.

Според метеоролозите, ваквото лошо време може да трае до 15 јануари.