Свет 19. март 2020. / 19:18

Италија ја надмина Кина по бројот на жртви: Коронавирусот однесе 3.405 животи

Италија ја надмина Кина по бројот на жртви: Коронавирусот однесе 3.405 животи

Во изминатите 24 часа, бројот на починати како последица од коронавирусот во Италија се зголеми за 427, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 3.405, соопштија италијанските власти.

Вкупниот број на жртви го надмина бројот на починати во Кина, каде што до крајот на декември починале 3.245.

Сепак, денешните бројки покажуваат мало подобрување во однос на претходниот ден кога 475 луѓе починаа во Италија, пренесува Ројтерс.

Епидемијата во Италија почна на северот на земјата на 21 февруари.

Досега во Италија се заразени вкупно 41.035 лица, што е за 14 проценти повеќе од вчера.

Од оние првично заразени, 4.440 целосно закрепнале, а на интензивна нега има 2.498 лица.