Свет 18. март 2020. / 09:30

Италија: Излегување од дома само со потврда дека не си во карантин, во спротивно казна затвор до 12 години

Италија: Излегување од дома само со потврда дека не си во карантин, во спротивно казна затвор до 12 години

Италијанското Министерство за внатрешни работи издаде нова наредба за движење на Италијанците за време на епидемијата на корона вирусот.

Од 17 март секој што ќе го напушти својот дом во Италија мора да носи потпишана изјава дека не е во карантин како заразен или дека не контактирал со заразени лица со корона вирусот.

Во изјавата што секој треба да ја носи со себе ако го напушти својот дом, исто така се наведува дека може да замине од домот само кога е апсолутно неопходно или од здравствени причини.

Дополнителната забрана за напуштање на домот, доколку е ставен под карантин, е неопходна поради многуте случаи на прекршувања. Во Италија, прекршувањата на карантинот поради епидемијата се казнуваат со затвор до 12 години.