Свет 26. март 2020. / 23:48

Италија и Шпанија имаат 13 пати помалку жители од Кина, а четири пати повеќе починати од Ковид-19

Италија и Шпанија имаат 13 пати помалку жители од Кина, а четири пати повеќе починати од Ковид-19

Италија и Шпанија имаат 13 пати помалку жители од Кина и четири пати повеќе мртви од епидемијата на корона вирус. Двете европски земји имаат вкупно 10.225 мртви, а нивниот број се зголемува секој ден, додека во Кина починаа 3.281 лица.

Епидемијата на корона вирусот во Европа зазеде драматичен биланс, откако вчера, после Италија и Шпанија ја престигна Кина по бројот на жртви.

Кина, во која живеат речиси 1,4 милијарди луѓе, се избори со епидемијата за три месеци. Во земјата, регистрирани се 81.221 пациенти, а 3,281 се мртви.

Од друга страна, во Италија и Шпанија,  бројот на заразени и починати продолжува да расте. Италија, со население од околу 60 милиони, досега има регистрирано 69.176 пациенти и дури 6.820 мртви. Шпанија, со население од околу 47 милиони, има 47.610 пациенти и 3.434 мртви.

Ова значи дека само во овие две земји, со вкупно население од 107 милиони, регистрирани се 116.786 пациенти и 10.254 смртни случаи на коронавирус.