Свет 27. декември 2020. / 11:44

Италија ги распределува првите дози: Денеска е симболичен ден за убавината на Европа

Италија ги распределува првите дози: Денеска е симболичен ден за убавината на Европа
Клаудија Аливернини, една од првите која ја прими вакцината на Фајзер/БионТек во Италија, во болницата Спаланзани во Рим (Ројтерс)

Италијанската влада во неделата ја започна вакцинацијата против Ковид-19. Здравствените работници во Рим беа првите во земјата што добија вакцина од производителот Фајзер-Бионтеч.

Комесарот задолжен за справување со епидемијата, Доменико Аркури, откри дека дистрибуцијата на вакцината започнала уште рано утринава.

-Денес е симболичен ден кој не потсетува за убавината на Европа што ги купи вакцините за сите и ги дистрибуираше, истакна Аркури.

Први во земјата вакцината ќе ја примат здравствените работници и возрасните лица. Досега се пристигнати 10 илјади дози, а следната недела земјата очекува уште 470 илјади дози од вакцината.

Италија претрпе најголема здравствена криза во Европа на почетокот на годинава и забележа најголем број смртни случаи поврзани со коронавирус на континентот.