Свет 16. август 2018. / 10:05

Италија: Едно лице е спасено од урнатиот мост во Џенова (ВИДЕО)

Италија: Едно лице е спасено од урнатиот мост во Џенова (ВИДЕО)

Италијанските пожарникари објавија видео од спасувањето на едно лице, заглавено во својот автомобил, по рушењето на мостот во Џенова.

Бројот на загинати во рушењето на надвозникот се искачи на 39 лица.

Несреќата се случи вчера за време на силно невреме, при што десетина возила пропаднаа низ пукнатината, 50 метри под нивото на патот. Италијанскиот министер за сообраќај, Данило Тонинели, кој го посети местото на несреќата, рече дека операторот на мостот ќе мора да учествува во трошоците за реконструкција, како и дека ќе плати висока казна. (Макфакс)