Италијанската влада нема да го промени својот буџет за следната година, изјави вицепремиерот Матео Салвини, пренесе „Ројтерс“.
Италијанците се пред сѐ, рече Салвини и додаде дека неговата земја не планира да се откаже од еврото или да ја напушти Европската Унија.
Вчера Европската комисија побара од Италија да го отфрли нацрт-буџетот за следната година и ѝ даде на земјата рок од три недели да претстави нов план. Образложението е дека планираните расходи ги кршат ветувањата за намалување на јавниот долг и не се во согласност со прописите.
Битката околу италијанскиот буџет траеше со недели. Економијата на Италија по големина е трета во еврозоната.