Свет 18. август 2018. / 12:18

Италија: Ден на жалоста, телата на 9 годишното девојче со родителите пронајдени под урнатините

Италија: Ден на жалоста, телата на 9 годишното девојче со родителите пронајдени под урнатините

Под урнатите од надвозникот во Џенова пронајдени се уште три тела, со што бројот на жртви се искачи на 41.

Пожарникарите ги пронашле телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

Од 10 до 20 лица се уште се водат како исчезнати.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.

Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.