Свет 07. април 2020. / 10:01

Италија би можела да започне постепено ставање крај на заклучувањето на 4 мај

Италија би можела да започне постепено ставање крај на заклучувањето на 4 мај

Италија може да стави крај на двомесечното заклучување на земјата на 4 мај „постепено и претпазливо“, објави во вторникот весникот „Кориере дела Сера“.

Некои деловни активности ќе продолжат со работата по велигденските празници, се вели во извештајот, додека забраната за собири ќе остане во сила долго време по престанок на заклучувањето.

Вчерашното ажурирање на податоците за корона вирусот во медитеранската земја покажа дека бројот на смртни случаи од новиот вирус скокна за 636 или 4% во текот на изминатиот ден, достигнувајќи вкупна бројка од 16.523 заразени лица.

Во меѓувреме, владата обезбеди 400 милијарди евра за поддршка на компаниите погодени од пандемијата.