Италија побарала од ЕУ да најде земји кои сакаат да примат 177 мигранти, кои со денови се заглавени на брод, по новиот спор меѓу Италија и Малта.
Италијанското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека испратило писмо до Европската комисија во кое се бара да се најде решение.
Писмото следело по заканата на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини дкеа ќе ги испрати мигрантите назад во Либија.
Спорниот брод се наоѓа кај брегот на италијанскиот остров Лампедуза. Италија побара од Малта да ги прими, по што одбила, наведувајќи дека мигрантскиот брод не бил во неволја и дека самите мигранти ја одбиле помошта од Малта и одлучиле да го продолжат патот кон Италија.ж