Свет 06. октомври 2020. / 12:00

Историско решение: Во оваа земја минималната плата е 3700 евра

Историско решение: Во оваа земја минималната плата е 3700 евра

Женева  ја одобри највисоката минимална плата во светот – 23 швајцарски франци на час или нешто повеќе од 4.000 франци месечно. Оваа сума во евра е приближно 3714 евра.

Историската одлука ќе влијае на платите на скоро 30.000 луѓе, од кои две третини се жени.

Швајцарскиот систем на директна демократија ги повикува граѓаните на земјата да гласаат четири пати годишно за прашања од јавна важност.

Повисоки минимални плати беа понудени двапати во минатото, но без успех. Претходните гласови беа во 2011 и 2014 година.

На 27 септември беше изгласан новиот предлог за 23 швајцарски франци на час. Месечната плата е нешто повеќе од 4.000 швајцарски франци за 41 час неделно.

Иако Швајцарија е една од најбогатите земји во светот, пандемијата со Ковид 19 и овде предизвика негативни последици на економијата. За оваа година се очекува БДП да падне за 6, 2 %, а невработеноста да изнесува 3, 8%.