Свет 06. ноември 2018. / 12:26

Источниот дел од САД се очекува да го зафати силна бура

Источниот дел од САД се очекува да го зафати силна бура

Источниот дел на САД се очекува да биде зафатен од силна бура, а метеоролозите предвидуваат и снежни врнежи, како и појава на торнадо во некои подрачја.

Бурата, која донесе снег и до 40 сантиметри од Вајоминг до Колорадо, можно е во текот на денешниот ден да донесе снег и во Мисисипи.

Источната област ќе биде зафатена со невреме и на денот на изборите. Можна е бура во подрачјето од Атланта до Филаделфија.

Во Њујорк и Бостон се очекуваат грмотевици, додека во подрачјето на Големите Езера се очекува дожд и снег. Дожд се најавува и во Сиетл, а снег на Каскадските и Стеновитите планини.

Во централните делови на САД главно се очекува суво време.