Истекнувањето на лавата од вулканот Килауеа, на Хаваи, е најбрзо до сега, а лавата се проширила и на нови делови од Големиот остров, поради што итно се евакуирани две населби.
За време на ноќта, лавата брзо се поместила и покрила простор со големина на шест фудбалски стадиони за само еден час, соопшти американскиот Геолошки институт, пренесува АП.
Лавата ги покрила патиштата кои водат од комерцијалниот центар од градот Пахоа кон малите градови и селските области на источниот дел од островот.
Поради лавата исклучена е електричната енергија на патиштата. Забележани се и неколку мали потреси.