Свет 03. јули 2020. / 12:36

Испил 10 пива и заспал, кога се разбудил морал итно на операција поради распукана бешика

Испил 10 пива и заспал, кога се разбудил морал итно на операција поради распукана бешика

Маж од источна Кина преживеал трикратко пукање на бешиката откако успеал да ја задржи мокрачата повеќе од 18 часа. Господин Ху (40) наводно заспал многу цврсто откако испил повеќе од 10 шишиња пиво за време на вечерното излегување, а во меѓувреме ни еднаш не мочал.

Тој се разбудил со интензивна болка во стомакот, а кога стигнал во болница се покажало дека мочниот меур распукал на три места. Тој веднаш бил опериран, со што била избегната сигурна смрт, зошто дел од тенкото црево му навлегол во распукнатата бешика.

Засега не е познато дали ќе има трајни последици од операцијата, иако Ху е закрепнат, пренесува „Дејли мејл“.