Свет 24. јуни 2018. / 10:45

Исламската држава бара од Ирак да се ослободат сунитските жени од затворите

Исламската држава бара од Ирак да се ослободат сунитските жени од затворите

Екстремистичката група Исламска држава вчера објави видео снимка со заложници и бара да се ослободат сите сунитски жени од ирачките затвори.

ИД и даде рок од три дена на ирачката Влада да ги исполни барањата, а во спротивно ќе бидат убиени шестте заложници, за кои тврдат дека се полицајци и припадници на полицијата.

Видеото е објавено една недела откако ИД соопшти дека киднапирала 17 полицајци и припадници на ирачките Народни сили за мобилизација, кои воглавно се составени од шиитски групи кои се борат на страната на ирачките безбедносни сили. Портпаролот на ирачката армија соопшти дека е запознаен со содржината на видео снимаката и дека се трага по одговорните од ИД.

– Нема да не уценуваат и ќе ги најдеме каде и да се, изјави бригадниот генерал Јахја Расул.