Свет 21. декември 2018. / 21:59

Исламска држава ја презеде одговорноста за убиствата на скандинавските туристки

Исламска држава ја презеде одговорноста за убиствата на скандинавските туристки

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа убиството на две скандинавски туристки во Мароко, а норвешката полиција соопшти дека големи се изгледите истата да е веродостојна, пренесе Би-би-си.

Во понеделникот две туристки – Марен Уланд (28) од Норвешка и Луиза Вестерагер Јесперсен (24) од Данска беа пронајдени мртви во изолирана област на планината Атлас во Мароко.

Во врска со овој злостор уапсени се повеќе од десет лица. Четворица од притворените објавиле пропагандно видео на кое се залагаат за Исламска држава

Мажите кои се појавуваат во видеото на кое е прикажано убиството на туристките, велат дека чинот е одмазда за настаните во Сирија.

Поборниците на Исламска држава на социјалните мрежи објавија видео на кое е прикажано обезглавувањето на една женска личност. Тврдат дека се работи за туристка која неодамна била убиена во Мароко.

Норвешките власти соопштија дека снимката е веројатно веродостојна.

Засега, нема конкретни докази кои сугерираат дека станува збор за лажно видео, изјавија од државниот криминалистички оддел.

Во видеото се слуша убиецот кој вели: „Ова е одмазда за нашите браќа во Хаин“, мислејќи притоа на градот во источна Сирија, врз кој Исламска држава ја загуби контролата минатата недела.