Свет 09. октомври 2019. / 12:02

Исламска држава изврши жестоки напади во Сирија

Исламска држава изврши жестоки напади во Сирија

Курдските сили и две сириски групи активисти објавија дека екстремистите на Исламска држава извеле напад рано утрово во градот Рака, во северна Сирија.

Локалните власти предводени од Курдите повикаа на општа мобилизација. Цел на нападите во Рака, кој екстремистите од ИД го сметаат за главен град на својот Калифат, биле сириските демократски сили, предводени од Курдите, а поддржани од САД.

Нападот се случил во моменти кога се очекува турската офанзива против курдските борци на североисток од Сирија. Курдските борци наведуваат дека Исламска држава извела три самоубиствени напади на нејзини позиции во Рака. Засега нема извештај за евентуални жртви или повредени.