Свет 20. јануари 2020. / 21:38

Исламска Држава има нов водач

Исламска Држава има нов водач

Новиот водач на ИД, како што потврдиле два извори за британски „Гардиан“ е Амир Мухамед Абдул Рахман ал Мавли ал Салби. Тој е еден од основачите на оваа терористичка група и предводник на нивните операции насекаде во светот.

Салби е именуван за водач само неколку часа по убиството на Абу Бакр ал Багдади минатата година. Роден е во ирачкиот град Тал Афари, а по потекло е од туркменистанско семејство и е еден од ретките водачи кој не е Арап.

Се школувал во градот Мосул каде дипломирал шериатско право. Во ИД се смета за еден од главните идеолози и толкувач на верските прописи.

Американските сили го затвориле во 2004 година во затворот Камп Бука на југот од Ирак, каде се запознал со Багдади. Се верува дека има најмалку еден син.

Пред смртта на Багдади, САД понуди 5 милиони долари за смртта на Салби и уште двајца високорангирани членови на Исламска држава.

Моментално силите на ИД не се ни близу од оние во зенитот на моќта, кога во средината на 2014 година Багдади себе си се прогласи за калиф. Но, после поразот минатата година покажуваат знаци на регрупирање.

Курдските сили на северот од Ирак од минатото лето предупредуваат на пораст на нападите во центарот и северот на земјата. Од 20 до 26 декември минатата година ИД презеде одговорност за 106 напади за кои, како што тврдат, се осветуваат за смртта на претходниот лидер Багдади.