Дваесетгодишното момче Наимур Закари Рахман, кој планирал да ја убие британската премиерка Тереза Меј, е прогласен за виновен пред лондонскиот суд, објавија британските медиуми. Тој се товари за правење заговор за убиство на британската премиерка. Рахман, екстремист и лојален на терористичката група Исламска држава, е роден на подрачјето на Бирмингем, а планирал со бомба да ја разнесе капијата од резиденцијата на премиерката во Даунинг стрит број 10, да ги убие стражарите и да ја нападне Меј со нож или пиштол.
Рахман е уапсен во ноември минатата година кога дошол по ранецот за кој се верувало дека е полн со експлозив и дека го добил од приврзаници на Исламската држава, а всушност тој разговарал со полицајци на тајна задача. Обвинителите навеле дека Рахман планирал да се разнесе за време на нападот.
АП наведува дека судот сè уште не му одредил времетраење на затворската казна