Свет 16. јануари 2020. / 14:50

Исламисти во Нигерија ослободија тројца хуманитарни работници

Исламисти во Нигерија ослободија тројца хуманитарни работници

Исламски екстремисти ослободија тројца хуманитарни работници и други цивили коишто од крајот на декември ги држеа како заложници во севeрна Нигерија, соопшти координаторот на ОН за хуманитарни прашања во таа држава.

Заложниците беа киднапирани на 22 декември минатата година, од страна на исламски екстремисти облечени во воени униформи. Киднаперите запреле конвој на возила што се движеле кон Маџугури, главниот град на државата Борно, на североистокот на земјата.