Свет 19. јуни 2018. / 14:59

Исламисти и во Нов Зеланд: Левичарската влада му посака добредојде на Анвар Сахиб

Исламисти и во Нов Зеланд: Левичарската влада му посака добредојде на Анвар Сахиб

Анвар Сахиб кој беше отстранет од Федерацијата на исламски здруженија во 2016 година поради антисемитски изјави и повикување на тероризам, е добредојден во Манукау, Нов Зеланд, по повод големиот муслимански празник Рамадан. На настанот биле присутни и министри од актуалната Влада.

Локалните власти во Мануаку, по повод овој настан, го издадоа следново соопштение: “Општината Манукау минатата недела беше домаќин на Рамазан настан, со кој се поттикнуваат разбирањата кон растечката муслиманска заедница во нашето општество, но и со цел прифаќање на различните заедници кои го сочинуваат нашето општество. Церемонијата на Рамадан Ифтар беше инклузивен настан и покани беа дадени на сите исламски центри и муслимански организации во нашиот округ, како и до сите министри од нашата Влада. Сето тоа беше зачинето со присуството на голем број донатори на ваквите здруженија, како и државни службеници задолжени за борба против расизмот. ”

 

Но дали толеранцијата и разбирањето кои се промовираат во ова соопштение, подразбираат и толеранција кон евреите и христијаните, за кои Анвар Сахиб вели дека треба комплетно да исчезнат од лицето на земјата? Дали таквата толеранција подразбира и полова еднаквост, имајки ги во предвид шокантните изјави на Сахиб кога се во прашање правата на жените (не семееле да го напуштат домот без сопруг, како правилно физички да се казнуваат жените, и сл)? Ова се одприлика прашањата со кои е преокупирана јавноста во Нов Зеланд, држава која е инаку позната по високото ниво на безбедност и толеранција меѓу локалните жители, и особено кон имигрантите.