Бројот на лицата исчезнати во најдеструктивниот пожар во Калифорнија порасна на 1.276.
Властите утврдиле каде се наоѓаат стотината лица кои ги напуштиле своите домови кога огнената стихија го зафатила северниот град Парадајс.
Форензичките тимови кои ги пребаруваат пеплосаните рушевини пронашле остатоци од уште пет жртви, со што бројот на загинати се искачи на 76, од кои 63 се идентификувани, со тоа што се чека потврда од анализата на ДНК соопштиле властите, пренесува „Ројтерс“.
Шерифот на округот Бјут, Кори Хони соопштил дека бројот на исчезнати пораснал после ревидирањето на информациите добиени во текот на повиците од граѓаните во првите часови од пожарот, кој избил на 8 ноември.
Според неговите зборови, официјалните лица ја ревидирале листата на исчезнати за да проверат дали можеби дошло до дуплирање на имињата, по што околу 380 лица биле лоцирани и отстранети од листата во петокот.
„Голем напредок е постигнат во врска со тоа, но и понатаму имаме сирови потадоци“ – изјави шерифот на конференцијата за новинари.
Тој ова го изјавил откако американскиот претседател Доналд Трамо го посетил Парадајс, мала заедница која се наоѓа на 280 километри северно од Сан Франциско во која живееле околу 27.000 луѓе пред пожарот наречен „Кемп“ целосно да ја проголта.