Свет 10. октомври 2019. / 21:34

Ирскиот премиер Варадкар: Договор за Брегзит е можен до 31 октомври

Ирскиот премиер Варадкар: Договор за Брегзит е можен до 31 октомври

Договор за Брегзит е можен до 31 октомври, изјави ирскиот премиер Лео Варадкар, после денешната средба со британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон.

Имавме добар и конструктивен состанок, многу позитивен, состанок кој многу ветува, рече Варадкар и додаде дека гледа пат по кој ќе се дојде до спогодба следната недела.

Можно е да постигнеме спогода, да се договориме за царините и така да и дозволиме на Велика Британија да ја напушти Европската унија до крајот на октомври, потенцираше ирскиот премиер.Тој наведе дека сепак постојат уште работи што не се „под негова контрола“.