Свет 02. септември 2018. / 22:50

Иркутск: Од радарите исчезна хеликоптер

Иркутск: Од радарите исчезна хеликоптер

Руски хеликоптер Ми-8 со екипа геолози денеска исчезна од радарите во Иркутск, соопшти регионалната воздухопловна агенција.

Руската федерална агенција за сообраќај соопшти дека во тек е потрага по хеликоптерот, а Канцеларијата на јавниот обвинител наведе дека е покрената истрага.

Хеликоптерот Ми-8, во сопственост на компанијата „Ангара ерлајнс“ полета во 11 часот по локално време од градот Уст-Кут и набрзо исчезнал од радарите.

Со леталото се превезувале три лица.