На 18.06.2019 година околу 17.50 часот во Полициската станица Центар бил приведен В.М.С.(31) од Република Ирска поради тоа што во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, ги вознемирувал присутните гости, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои излегле на местото на настанот.
По целосно документирање на случајот против Ирецот кој беснеел во ресторан во Скопје, ќе биде поднесен соодветен поднесок.