Свет 10. мај 2020. / 23:36

Иран подготвен за размена на затвореници со САД

Иран подготвен за размена на затвореници со САД

Портпаролот на иранската Влада, Али Рабеи, истакна дека Иран е подготвен за целосна размена на затвореници со САД, додавајќи дека Вашингтон се уште не одговорил на повикот на Техеран за размена.

Рабеи порача оти Техеран е загрижен и смета дека САД се одговорни за безбедноста и здравјето на Иранците во американските затвори за време на пандемијата на корона вирусот.

Иран и САД веќе разменија затвореници во 2019 година, кога Иран го ослободи американскиот студент Сијуе Ванг, кој беше осуден на три години затвор за шпионажа, а САД го ослободија иранскиот истражувач за матични клетки Масуд Солејмани, кој беше обвинет за кршење на санкциите.