Иран почна со клинички испитувања на својата прва вакцина против корона висурот што може да му помогне на Техеран да ја победи епидемијата и покрај санкциите на САД што го спречуваат да увезува вакцини.
Како што објавија државните медиуми, Сетад, гигантски конгломерат контролиран од врховниот водач на Иран, соопштил дека производството на вакцини развиено од една од нејзините компании, „Шифа Фармед“, ќе може да достигне 12 милиони дози месечно, шест месеци по завршувањето на клиничките испитувања.
Првите волонтери кои ја примиле вакцината се вработени во конгломератот, а меѓу нив е и ќерката на директорот, што е направено во обид кај јавноста да се добие доверба во вакцината.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, од почетокот на пандемијата во Иран има 1,2 милиони случаи на заразени со корона вирус, со скоро 55.000 смртни случаи.