Свет 23. март 2020. / 09:45

Иран одби помош од САД обвинувајќи ги за теории на заговор со корона вирусот

Иран одби помош од САД обвинувајќи ги за теории на заговор со корона вирусот

Иранската Влада одби американска помош за сузбивање на епидемијата со новиот корона вирус.

– САД повеќе би помогнале кога би ги укинале санкциите и со тоа ќе ги ослободат ресурсите на Иран за да може да се бори против вирусот, се наведува во соопштението на иранската Влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа понуди помош за Иран, Северна Кореја и други земји.

И врховниот верски лидер, ајатоолахот Али Хамнеи ја одби американската помош

– Имаме многу непријатели, а САД меѓу нив е најлош…. А сега сакаат да ни помогнат. На САД би им било подобро да ги помогне своите граѓани, посочи Хамнеи.

Тој исто така обвини дека вирусот е американски производ, осмислен со цел да ги ослабе непријателите како Кина и Иран.

– Во такви околности никој не треба да обрнува внимание на таквите понуди, истакна Хамнеи.

И пакистанскиот премиер Имран Кан вчера ги повика САД да ги укинат санкциите кон Иран.

Иран е една од најтешко погодеите земји со пандемијата од Ковид-19. Според иранското Министерство за здравство до саботата регистрирани се над 20.000 луѓе со новиот коронавирус, од кои 1.556 починаа.