Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека Европската унија до 4 ноември треба да преземе неопходни мерки за опстанок на нуклеарниот договор со Иран.
– Им кажавме на Европејците дека ако нуклеарниот договор не одговара на основните интереси на нашата земја, вклучително и прашањето за извоз на нафта и работата на банкарскиот сектор, ние ќе се повлечеме од договорот, изјави Арагчи.
Тој рече дека „ако Европа не предложи неопходни мерки за почитување на интересите на Иран по реактивирањето на санкциите на САД во ноември, учеството на Техеран во нуклеарниот договор станува бесмислено“.
– Ако по 4 ноември можеме да извезуваме нафта, Иран нема да се повлече од нуклеарниот договор, изјави Арагчи.