Свет 26. мај 2018. / 14:06

Ирак започна офанзива за преземање на бастион на Исламската држава

Ирак започна офанзива за преземање на бастион на Исламската држава

Ирачката армија започна нов обид за прогонување на бунтовниците од Исламската држава од контролираната област во северниот дел на Ирак, информираат од службата за безбедност.

Ирачките војници се поддржани од авијацијата, шиитската милиција Сили за народна мобилизација. Тие имаат за цел да ги принудат екстремистите да го напуштат теренот меѓу северните провинции Дијала и Салах ад Дин, каде што радикалните сунитски групи, се уште се активни.