Свет 16. ноември 2019. / 17:00

Ирак ја затвори границата со Иран

Ирак ја затвори границата со Иран

Ирак го затвори јужниот граничен премин со Иран за патниците од обете земји, пренесува „Eуроњуз“.

Неименуван безбедносен извор рекол дека Техеран побарал да се затвори граничниот премин Шаламхех поради протестите кои се одржуваат во Иран и во Ирак.

Границата останува затворена до следното известување, но, според изворот, тоа нема да влијае на протокот на стоки или трговијата.