Свет 20. ноември 2018. / 22:02

Ирак денеска изврши воздушни напади врз цели на ИД во Сирија

Ирак денеска изврши воздушни напади врз цели на ИД во Сирија

Ирак денеска изврши воздушни напади врз цели на терористичката „Исламска држава“ на територијата на соседна Сирија. Две згради со 40 борци и оружје се уништени, соопшти ирачката армија.

Нападите изведени со авиони-ловци Ф-16 ја уништија зграда кадешто припадниците на терористичката група чуваа оружје, при што се убиени 10 џихадисти. Во вториот напад разурната е зграда со 30 борци на „Исламската држава“ во неа, се додава во соопштението на ирачката војска.