Свет 03. јануари 2020. / 15:54

Ирачката војска го осуди убиството на командантот Ал-Мухандис

Ирачката војска го осуди убиството на командантот Ал-Мухандис

Ирачката војска го осуди убиството на командантот на ирачките шиитски милиции, Абу Махди ал-Мухандис, кој загина во воздушниот американски напад на аеродромот во  близина на Багдад и соопшти дека тоа претставува јасно прекршување на нивниот мандат во Ирак.

– Командата за заеднички операции го оплакува херојот маченик… кој беше убиен синоќа во кукавички и издајнички напад што го изведе американски авион во близина на багдадскиот меѓународен аеродром. Потврдуваме дека тоа што се случи е грубо крешње на ирачкиот суверенитет и јасно кршење на мандатот на американските сили, што исклучиво се однесува на борбата против Исламска држава и давање совети и помош за ирачките безбедносни сили – се наведува во соопштението на ирачката војска.

Во воздушниот напад, исто така, загина и генералот Касем Сулејманi, командантот на иранските елитни единици Кудс.