Индонезискиот министер за безбедност, Мохамед Махфуд, е мета на остри критики, откако го спореди коронавирусот со жените, во обид да ја смири загриженоста на граѓаните поради олеснувањето на строгите епидемиолошки мерки.
“Пред некој ден добив меме од една пријателка која вели: ’Круната е како твојата сопруга. Прво се обидувате да ја контролирате, а потоа сфаќате дека тоа не оди. И, тогаш ќе научите да живеете со неа’ “, рече Махфуд.
Индонезиската влада планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што рече, „нова нормалност“.
„Дали ќе останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за нашето здравје“, рече Махфуд во видео поставено на ЈуТјуб.
Неговата изјава предизвика жестоки реакции од активисти и други Индонезијци.
Некои граѓани се загрижени поради рестартирањето на економијата, бидејќи ширењето на инфекцијата сè уште не е запрено.