Индискиот премиер Нарендра Моди денеска во своето обраќање до нацијата инсистираше на тоа дека земјата треба да следи социјално дистанцирање.
Од вечерва на полноќ, целата земја ќе биде во полициски час и никој нема да смее да го напушти своето живеалиште. Забраната за движење ќе трае три седмици.
-Ако не се придржуваме до забраната за движење на 21 ден, ќе бидеме погодени следните 21 година. И многу семејства ќе бидат уништени, порача индискиот премиер.
Ова е второ обраќање на премиерот во една недела. Во последниот говор за корона вирусот, тој повика на останување дома и воведување полициски час.
Претходно денес, министерката за финансии, Нирмала Ситараман, најави законски измени и дополнувања за одложени плаќања до 30 јуни.
Ситуацијата во Индија на прв поглед изгледа зачудувачки оптимистично – втората најнаселена земја во светот (население од околу 1,3 милијарди) има нешто помалку од 200 заразени со корона вирус.