Свет 06. јуни 2020. / 12:30

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени од Ковид-19

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени од Ковид-19

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени со коронавирусот по уште еден рекорден дневен скок на бројот на нови случаи и сега е шестата најзагрозена земја во светот.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 9.887 нови случаи, со што вкупниот број потврдени случаи се зголеми  на 236.657, соопшти Министерството за здравство.

Во Индија, според податоците од страницата Worldofmeters.info, починале речиси 7.000 луѓе.

Најголемиот број случаи се пријавени во руралните области, по враќањето на стотици илјади мигранти – работници кои ги напуштија градовите по воведувањето на мерки за затворање.

Во моментов некои мерки се олабавуваат, но сè уште се во сила во најризичните области. Од понеделник треба да се отворат трговски центри и верски објекти, со забрана за големи собири.