Свет 09. април 2020. / 16:30

Индексите на европските берзи растат четири дена по ред

Индексите на европските берзи растат четири дена по ред

Европските берзи растат четврти ден по ред откако се погласни и почести се очекувањата дека пандемијата на коорна вирусот почнува да го губи здивот

Истовремено, вниманието на инвеститорите е фокусирано на денешното продолжение на состанокот на министрите за финансии од ЕУ посветено на дополнителните финансиски мерки за поддршка на економиите во Унијата.

Паневропскиот индекс „СТОКС 600“ порасна за 1,5 отсто и е на пат, во скратената берзанска недела пред Велегденските празници, да забележи раст од 5,0 проценти, пишуваат британските медиуми.

Акциите на компаниите од патничкиот и туристичкиот сектор, како и од банкарскиот и индустријата за осигирување, кои беа меѓу најтешко погодените од ефектите на коорнавирусот, скокнаа меѓу 2,2 и 4,6 отсто.

Растот на референтниот индекс на „СТОКС 600“ во превод значи дека досега ја повратил пазарната вредност за околу 1,7 билиони долари и тоа од март кога се намали до својот осумгодишен минимум. Тој, меѓутоа, и натаму е за околу 24 отсто послаб во однос на својата рекордна вредност, бидејќи вонредната состојба ширум Европа ја згасна стопанската активност и придивижи масовни отпуштања од работа.

Глобалните пазари на акции, исто така, неделава се засилија, што во еден дел се должи на незабележените фискалани и монетарни поттикнувања на многу светски земји со цел да се ублажи ударот на здравствената криза врз економијата .