Свет 20. ноември 2018. / 17:42

Инцидент во британска нуклеарна централа: Tројца работници се повредени

Инцидент во британска нуклеарна централа: Tројца работници се повредени

Во британската нуклеарна централа Хејшам 1 во Ланкшир дојде до истекување на пареа, поради што тројца работници се повредени.

Операторот на електраната „ЕДФ Енерџи” соопшти дека пареата е „чиста” и оти нема опасност за населението.

Тројца повредени колеги се пренесени во болница за лекување … Нема ризици по население, ситуацијата е сега под контрола, соопшти „ЕДФ Енерџи”.

Британската канцеларија за нуклеарна регулатива (ОНР) соопшти денеска дека јотворила истрага за инцидентот.

На официјалниот сајт на нуклеарната централа се наведува дека и обата реактори се функционални.

„ЕДФ Енерџи” управува со 15 нуклеарни реактори во Велика Британија и тие произведуваат околу 20 отсто од електричната енергија во земјата.