Свет 13. јануари 2019. / 18:15

Инцидент на аеродромот Шереметјев: Авион се излизга од пистата

Инцидент на аеродромот Шереметјев: Авион се излизга од пистата

Една писта на московскиот аеродром Шереметјев е затворена откако се излизгал авион, изјави портпаролката на аеродромор.

По инцидентот на аеродромот Шереметјев мораше да се затвори писта број 1 заради евакуација на авионот. Со ова може да има одлагања полетувањата и слетувањата на останатите летови, рече таа.

Во авионот имало 47 патници и тие се во добра состојба, никој од нив не е повреден, додаваат оттаму.

Таа посочи дека итната служба на аердромот ги презема сите неопходни мерки за побрзо расчитување на пистата за да не дојде до големи задоцнувања на останатите летови.