Свет 03. декември 2018. / 09:49

Имаат други планови: Катар излегува од ОПЕК

Имаат други планови: Катар излегува од ОПЕК

Катар ќе се повлече од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), на први јануари 2019 година, изјави во понеделникот катастарскиот министер за енергетика Саад Шенда ал-Кааби, пренесе државната компанија „Катар Петролеум“ на својот Твитер профил.

Компанијата „Катар Петролеум“, чиј челник е министерот Саад Шенда ал-Кааби, објави дека ОПЕК е известен за катарското повлекување од овој нафтен картел.

– Одлуката за повлекувањето е одраз на желбата на Катар да се насочи на своите планови за развој и зголемување на производиството на природниот гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во претстојните години. – изјави министерот на прес-конференцијата во Доха.

– Катар е горд што е на чело на меѓународните произведувачио на природен гас, како и со тоа што е најголем извоник на течен земен гас (LNG), најчистото фосилно гориво, кое на Катар му овозможува силна и флексибилна економија. – го цитира компанијата министерот ал-Кааби.