Свет 13. ноември 2020. / 19:23

Илон Маск: Нешто сомнително се случува со тестовите за коронавирус

Илон Маск: Нешто сомнително се случува со тестовите за коронавирус

Првиот човек на Тесла, Илон Маск денеска објави дека четири пати во ист ден направил тестирање за коронавирус и два од тестовите биле позитивни, а другите два негативни.

– Нешто сомнително се случува. Денес сум тестиран четири пати. Резултатите двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД., објави на Твитер Маск, веројатно повикувајќи се на брзиот тест на Бектон Дикинсон .

Сопственикот на Tesla рече дека бил тестиран и со PCR тест, чии резултати се чекаат 24 часа.

Тој рече дека има симптоми на настинка и дека не осеќа ништо необично.

Компанијата ,,Бектон Дикинсон” во септември објави дека ги истражува извештаите за старечките домови во САД за лажно-позитивните резултати од тестот за коронавирус.