Околу 100.000 поддржувачи на ЕУ маршираа денеска низ центарот на Лондон, барајќи од британската влада да одржи јавно гласање во врска со Брегзит, пренесе Ројтерс.
Протестантите маршираа низ главните улици во Лондон, носејќи Британски и Ирски знамиња, како и знамето не ЕУ. Тие со пароли повикаа „Народно гласање“ за евентуален договор со кој Британија ќе го напушти најголемиот светски трговски блок.
Организаторите на таканареченото „Народно гласање“ ја обвинуваат Владата на Тереза Меј за хаотично водење на преговорите за напуштање на ЕУ и за занемарување на интересите на граѓаните на Британија. На протестот се обрати лидерот на Либерално-демократската партија Винс Кејбл, Керолин Лукас од Зелената партија, а зборувал и Девид Леми, висок претставник на Лабуристичката партија, која има поделен став по прашањето на Брегзит-от.
Организаторите ја поканија и Ен Саубри, европратеничка од владејачката Конзервативна партија, каде исто така има поделби по ова прашање.