Свет 28. декември 2018. / 14:04

Илјадници летови се откажани поради големото снежно невреме во САД

Илјадници летови се откажани поради големото снежно невреме во САД

Над 6.500 летови се одложени, а околу 800 се откажани во централните делови на САД поради големо снежно невреме.

Најкритично е на меѓународниот аеродром во Далас, каде што има над 450 откажани и 600 одложени летови. Властите на сојузната држава Небраска затворија за сообраќај еден од главните патни правци, додека Северна Дакота издаде предупредување за патувањата во источниот дел на земјата.