Шведската компанија ИКЕА ќе почне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против корона вирусот.
Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и скафандери.
Според менаџерот за набавки на компанијата, Хенрик Елм, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на корона вирусот во Европа и САД и затворањето на границите меѓу државите.
– Сепак компанијата беше подготвена и успеа да ги намали последиците од воведувањето на ограничувањата, доставувајќи производи во магацини на различни места – истакнува Елм.