Кризата со коронавирусот „КОВИД-19“ не е ни дојдена до својот пик, а политичките ескалации достигнуваат кулминација. Комплексот на левиот европски неолиберален поредок искочи на виделина, а го истурија врз Орбан. Зошто?
пишува: Стефан ВАСИЛЕВСКИ, извршен директор на Конзерватив МК
Затоа што прогласи вонредна состојба слично (ако не и иста) како во случајот со Македонија, демократски изгласана во Парламент со 2/3 мнозинство. Главниот проблем за нападите всушност лежи во поразот на избрзаниот проект за европска „супер-држава“. Кој ако не Орбан, дежурен кривец. Доцни реакции, солидарност која виси на конец, а „европско“ решение за проблемот се уште нема, ниту е на подвик. Сите гледаат спас во националните држави односно институции.
Шаховска битка во ЕУ: пост-кризни рокади во десницата.
Бура од реакции можеше да се забележи на социјалните медиуми од светски и европски политичари предоминантно од левиот и центар-лево сектор. Меѓу хорот гласови беше и поранешниот премиер на Италија Матео Ренци. Тој повика на исклучување на Унгарија од ЕУ. По него, се јавија и групата на социјал-демократи и зелени движења во Европскиот парламент со соопштенија.
Тоа што највеќе ме разочара како десничар е прочитаниот твит кај новинарката на “Euronews” . Се работи за реакцијата на претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, кој наместо да застане во одбрана на својата сестринска партија, тој повика на нејзино исклучување.
Орбан нема да дозволи да дојде до негово исклучување. Ќе се обиде да го реформира ЕПП и прошири или пак сам ќе замине. Во таа насока беше и вчерашниот негов одговор: „Сега е време за справување со коронавирусот, а потоа и со ЕПП“. Тоа што зачуди е огромната поддршка која ја доби внатре во структурите, како од помладокот така и од дел политички партии. Покажа дека во оваа битка и прекројувањето на европската десница, не е сам!
Во заштита на Виктор Орбан и центар-десно спектарот
Покуси не останаа ниту политички партии, групации и тинк-тенкови надвор од ЕПП. Така, едни од првите кои гласно го поддржаа се членките на европските конзервативци како и цврстата десница на Салвини.
1.Сантиаго, ВОКС, ЕКР – Средба на шпанската партија ВОКС со ФИДЕС за време на настанот “National Conservatism” во Рим годинава:
Сантијаго Абаскал, претседател на моментално најпопуларната десничарска партија во Шпанија ВОКС, го пофали Орбан за преземањето храбри мерки за борба против пандемијата. „Ја поддржувам унгарската влада на Орбан, која сега ја напаѓаат сите европски таканаречени прогресивци“ – вели Абаскал. „Прогресивците, со ни пола од поддршката на Орбан, не успеаа да донесат правилни мерки и направија економски, здравствен и политички хаос“.
Партијата ВОКС е дел од светските и европски конзервативци (ECR Party, 42 политички партии) и нивната група во ЕУ (ECR Group, 14 политички партии). Тие се едни од најголемите поддржувачите на десничарско обединување во Европскиот парламент, но и на светско ниво.
2.Салвини, Идентитет и демократија
Poteri speciali a Orban per combattere con forza il virus? Saluto con rispetto la libera scelta del parlamento ungherese (137 voti a favore e 53 contro), eletto democraticamente dai cittadini. Buon lavoro all’amico Viktor Orbán e buona fortuna a tutto il popolo di Ungheria. pic.twitter.com/zDJqnHsxUn
— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) March 30, 2020
3.Поддршка стигна и од ЕПП, младото крило како и Јанес Јанша.
Хавиер Хуртадо Мира, претседателот на младинската организација ДЕМИК е меѓу првите кој изрази поддршка. Тој беше дел од годишната конференција на УМС каде што присуствувавме како делегати на Конзерватив МК. Во Скопје, тој исто така истакна дека е време за поширока десничарска соработка во Европа и светот. ЕПП треба да соработува со европските конзервативци како и нивните крила во Британија и САД, а не да маргинализира свои членки.
ШТО ПОСЛЕ КОВИД-19?
Конзервативците во светот се повеќе растат. Бењамин Нетањаху ја зацрвести својата победа, ќе формира влада. Јанес Јанша повторно е премиер, а веќе 3 од 4 земји од В4 групата се во раце на десницата. Трамп е пред нов мандат. Прегрупирање ќе има, наскоро. Македонската десница треба будно да ги следи овие процеси, но и да учествува во истите. Времето за политички калкулации истекува. Доаѓа клучната битка. Неолибералните структури се групирани и спремни за напад. Да им порачаме исто како Блаже Коневски во „Молитва“: Штом тие лево ќе фатат, ЈАС ДЕСНО ДА ОДАМ!