24-годишниот Дејвид Кац од Балтимор, бил учесник на натпреварот. Грозоморниот акт, според очевидци, го извршил во налет на лутина откако загубил на играта.
Идентификуван напаѓачот кој отвори оган на турнирот за видео-игри во Џексонвил, Флорида. 24-годишниот Дејвид Кац од Балтимор, бил учесник на натпреварот. Грозоморниот акт, според очевидци, го извршил во налет на лутина откако загубил на играта.
„Добивме дојава за пукотници. На местото на настанот пронајдовме три тела, меѓу кои и на напаѓачот кој си го одзел животот. Се работи за 24-годишен белец- Дејвид Кац, кој е единствениот осомничен во овој случај. Знаеме дека користел еден пиштол за да го изврши грозоморниот акт. Убил двајца и ранил 12 луѓе. Среќен сум што засега сите се во добра здравствена состојба“, изјави Мајк Вилијамс, шериф на Џексонвил.
Изминатите години во Флорида се забележани неколкумина смртоносни напади како оној од 2016, кога загинаа 49 луѓе во ноќен клуб во Орландо и во февруари годинава кога беа убиени 17 лица во училиште во Паркленд