Свет 15. август 2018. / 12:52

Идентификуван е напаѓачот кој се обиде да се забие во британскиот Парламент (ВИДЕО)

Идентификуван е напаѓачот кој се обиде да се забие во британскиот Парламент (ВИДЕО)

Идентификуван е мажот осомничен за обид за терористички напад во Лондон кофга вчера со автомобил удри во заградата кај Вестминстерската палата.

Како што објавија британските медиуми, станува збор за 29-годишен британски државјанин, кој потекнува од Судан. Идентификуван е како Салих Катер.

Осомничениот повреди тројца луѓе возејќи низ група велосипедисти и пешаци пред да удри во бариерата пред Парламентот за време на утринскиот метеж.

„Со оглед на тоа што ова е намерно дело, метод, симболична локација, ние го третираме тоа како тероризам„, изјави заменик-шефот на лондонската полиција, Нил Бас.

Бас додаде дека осомничените не соработувале со полицијата и дека не им е познат од порано на безбедносните служби.