Свет 28. јануари 2021. / 15:46

Идентификуван дански сој на коронавирусот: Два случаи регистрирани во Германија

Идентификуван дански сој на коронавирусот: Два случаи регистрирани во Германија

Новиот британски и јужноафрикански вид коронавирус веќе подолго време ги „плаши“ сите европски земји, а сега во Германија е идентификуван нов вид од Данска.

За „данскиот вид“ се тврди дека полесно го заобиколува одбранбениот систем на организмот.

Два случаи со данскиот вид корона биле идентификувани во Ансбах и Ној-Улм во Германија.

Според медиумите, лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид на корона.

Засега е нејасно какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска.